Трета прес конеференција на ВМРО-ДПМНЕ за да каже дека ќе бара референдум за Договорот со Бугарија

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа трета прес конференција во три дена на која ја информира јавноста дека ќе покрене иницијатива за распишување референдум за Договорот со Бугарија.

-Граѓаните имаат право и мораат да се произнесат за ваквиот асиметричен договор кој Mакедонија ја става во нерамноправна положба и предизвикува чувство на штета и трајни последици по македонскиот идентитет. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива до парламентот на Република Македонија за распишување на референдум по ова прашање. Знаеме дека СДС упорно бега од референдумското соочување со граѓаните и затоа ги квалификува како прашања кои не заслужуваат, одговор, но ова е прашање за кое граѓаните сакаат да одлучуваат. Ние како ВМРО-ДПМНЕ целосно сме посветени на евроинтегративните процеси на нашата земја и сметаме дека асиметрични, изнудени и брзоплети договори на штета на едната страна не се воопшто во духот на европските и демократски вредности. Впрочем добрососедство се гради со дела и со доверба, а не со негирања, заглавување во минатото и рушење на достоинството на другата земја, рече на денешната прес конференција Крсте Јовановски, кому денеска му припадна улогата да го повтори барањето на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости