393
Владимир Ефтимоски поднесе оставка од функцијата претседател на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола.
На негово место за Претседател на Управиот одбор е назначена Александара Радевска.
– Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување:
Стопанска банка а.д. Битола известува дека на ден 8.11.2023 година, г-дин Владимир Ефтимоски поднесе оставка од функцијата член и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола.
Воедно, на седницата на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола одржана на ден 9.11.2023 година, за Претседател на Управниот одбор е назначена г-ѓа Александра Радевска – се наведува во одлуката објавена од Македонска берза.