Владимир Атанасовски нов шеф на УБК

by fokus

Триесет и четиригодишниот Владимир Атанасовски е нов директор на Управата за безбедност и контраразузнавање.  На денешната владина седница тој беше именуван за шеф на тајната полиција, место кое досега му припаѓаше на Љупчо Андоновски.

Атанасовски во УБК доаѓа од директорската позиција во Управата за финансиско разузнавање, каде во 2010 година го наследи Ване Цветанов.

За него нема многу податоци низ медиумите, бидејќи речиси и да не се појавуваше во јавноста. Во неговата директорска кариера тој никогаш не обелодени дека води истрага за некој случај.

Првото работно место му било во Управата за спречување перење пари, каде се вработил веднаш по завршувањето на Економскиот факултет во Скопје. Пред да стане директор бил советник во Одделението за меѓународна соработка.

Атанасовски ќе биде третиот директор на УБК за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.Претхнодно девет години шеф на тајната полиција беше Сашо Мијалков, кој лани си поднесе оставка. Него го наследи Љупчо Андоновски, кој како што соопштија од Владата, по смената, ќе продолжи да работи во полиција.

Поврзани новости