Собранието ги изгласа новите членови на Антикорупциската комисија

by Фокус

На денешната седница, Собранието го изгласа новиот состав на Антикорупциската комисија, во чии редови останаа само двајца членовиот од стариот состав. Тоа се Сеиди Халили, дипломиран економист од Тетово и Фарије Алиу, дипломиран економист доктор на економски науки од Гостивар.

Новите членови се: Горан Миленков, адвокат од Скопје, Игор Тантуровски, дипломиран економист д-р на економски науки од Скопје, Најдо Спасевски, адвокат од Скопје, Сузана Таскова Аџикотарева, дипломиран правник магистер по казнено право од Скопје, Жаклина Данчевска, дипломиран правник, магистер по деловно право од Прилеп.

Независната пратеничка Љубица Буралиева праша која е оправданоста за постоењето на оваа комисија, кога таа ги премолчела и не постапила по најкрупните случаи во изминатиов период. Додаде дека има големо политичко влијание врз членовите на Антикоруциската комисја.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиевски, пак, реплицираше дека од кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт од 2006 година има подобрување во справувањето со корупцијата.

Поврзани новости