523
Владиката Петар за прват се огласи во јавноста во врска со отворањето на неговата регионална телевизија, но детали повторно не откри. Тој за Канал 5, сликовито објасни дека ќе почека прво да се отвори телевизијата, па ќе излезе со информации за медиумот предвиден да емитува забавно-општ карактер.
„Додека не ја отвориме, нема зошто да даваме информации. На нероден Петко не можеме да кроиме капа. Штом ја отвориме, тогаш ќе имаме и ние точни сознанија што и како ќе биде“, изјава, владика Петар.
Од Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, пак, го повикаа владиката да ја запознае јавноста со тоа што ќе емитува неговата телевизиска програма.