Пред клубот „Ванчо Михајлов“ потомци на Евреите со транспарент „Ние паметиме“

by Fokus

Без сеќавање нема иднина, ние паметиме, порачаа потомци на македонските Евреи пред бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, по повод одбележувањето на 80-годишнината од холокаустот на нивните сонародници.

– Битола денеска одбележа 80 години без Евреите кои беа културното и трговското јадро во градот. И додека сите си споменуваа за заедничкиот мултиетнички живот, портите на клубот „Ванчо Михајлов“ ги сопнаа потомците на битолските Евреи – истакнаа директорот на Фондот на холокаустот, Горан Садикаријо, внукот на Хаим Садикарио, преживеан од холокаустот, и претседателот на Фондот на холокаустот, Иван Николиќ, правнук на последниот битолски рабин, Аврам Романо, пред зградата на бугарскиот клуб.

Во Офицерскиот дом Битола денеска се одржа комеморација по повод одбележувањето на 80-годишнината од холокаустот на македонските Евреи.

Историјата памети дека ноќта помеѓу 10 и 11 март 1943 година, еврејските населби во Битола, Штип и Скопје биле опколени со бугарска војска и полиција. Во раните утрински часови, на 11 март, започнало собирањето на Евреите кои ќе бидат префрлени во Државниот монопол во Скопје, од каде што во три наврати депортирани во логорот Треблинка во окупирана Полска. Во Треблинка биле убиени 7.144-те македонски Евреи.

Поврзани новости