412
Владата објави оглас за вработување на 194 државни службеници. Во огласот се бараат млади кадри, без работно искуство.
Според објавениот оглас, заинтересираните кандидати имаат рок од пет дена да ги достават апликациите. Тие се должни пријавата да ја пополнат во целост, со точни податоци. Предвидено е заинтересираните кандидати да полагаат испит за државен службеник, потоа со најуспешните од нив се прави интервју и врз основа на резултатите од образованието, испитот и интервјуто, Комисијата за селекција објавува ранг-листа на најуспешните, кои подоцна ќе почнат со работа.