Македонија корумпирана, ама не многу

by Фокус 11:42
11:42

Од 175 земји во светот  Македонија е на 64 место според индексот за перцепција на корупцијата за 2014 година, подредени од најмалку кон најмногу корумпирани, покажува новата студија на „Транспаренси Интернешнал“.

Ова место го делиме со Турција и со Оман, а полошо од Македонија стојат земјите од регионот, односно Црна Гора е на 76 место, Србија на 78, Босна и Херцеговина на 80 и Косово на 110 место. Хрватска, пак, е помалку корумпирана, бидејќи се наоѓа на 61 место.

- Advertising -

Резултатите од студијата покажуваат дека корупцијата на Балканот и во земјите од поранешниот Советски Сојуз останува широко распространета.

Минатата година Македонија беше на 67 место.

На првото место, како најмалку корумпирана, веќе неколку години е Данска, а на последните места се Северна Кореја и Сомалија.

 

Поврзани новости