Рекорден пад на суровата нафта поради кризата со корона вирусот

by Фокус

Продолжува падот на нафтата, кој започна со појавата на корона вирусот. Главната марка на сурова нафта – Брент, денеска се спушти до 28.02 долари за барел.

Суровата нафта од типот Западно-тексашка лесна нафта (ВТИ), пак, забрзано поевтинува и денеска во текот на берзански актвности достигна рекордно ниска цена од 17.81 долари за барел.

Со тоа, цената на овој тип нафта забележа неславен рекорд од најголем пад во изминатите 18 години. Поевтино, оваа нафта се продавала во 2001 година, кога чинела 17.65 долари за барел.

Руската „Јуралс” од Сибир моментално чини 23.30 долари за барел. Ниската цена на нафтата го запре приливот на готовина во државниот буџет на Русија со изглед на заострување на екомската криза во земјата.

Поврзани новости