441
Министерството за финансии најави дека утре има закажано да земе нов заем од домашните кредитори во износ од 10,8 милиони евра.
Според најавата, Владата ќе побара 4,87 милиони евра преку 12-месечни државни записи и уште 5,93 милиони евра преку 15-годишни државни обврзници.
По последното задолжување, опозицијата обвини дека јавниот долг достигнал над 50 отсто од БДП.