(ВИДЕО) Шарените го обоија Кривичниот суд

by fokus 12:05
12:05

Активисти од Шарената револуција синоќа го обоија Кривичниот суд. На фејсбук страницата на Шарената револуција е објавено видео од боењето, а како причина се наведува Кривичниот суд Скопје 1 е изворот на најголемите опструкции врз работата на СЈО.

-Од вкупните барања за притвор од страна на СЈО, Кривичниот суд одобри само ЕДНО барање. Од другата страна, за периодот 2012-2014, од вкупно 717 барања за притвор од страна на Обвинителството на Зврлевски, Судовите во Република Македонија имаат одобрено 707 (99%). Ова е само еден од многуте облици на опструкции и поставување на двојни стандарди во судската практика кога станува збор за работењето на СЈО, се вели во објавата на Фејсбук.

- Advertisements -

За вечерва во 17 часот е закажан собир за поддршка за Специјалното јавно обвинителство пред Собранието.

 

 

Поврзани новости