387
Вицепремиерот Владимир Пешевски денеска преку телефонски разговори со странски инвеститори договарал продолжување на издавањето на еврообврзницата од 650 милиони евра.
Во соопштение Кире Наумов од СДСМ, информира дека Пешевски остварил седумминутен разговор со потенцијални инвеститори.
Наумов вели дека присутни биле и министерот за финансии, министерот за информатичко општество и јавна администрација, заменик министерката за правда, како и гувернерот Димитар Богов.
Претходно, издавањето на еврообврзницата беше одложено, откако Наумов испрати писмо до банките агенти на државата, со кое ги предупреди инвеститорите да не ја купуваат еврообврзницата.