СЈО повторно бара суспензија на Алфите кои го апсеа Бошкоски

by fokus

Специјалното јавно обвинителство ја обжали одлуката на судот, кој одби да изрече мерки на на претпазливост за шефот на Алфите, Ивица Антевски – Пуки и петтемина негови колеги, осомничени за тортура врз Љубе Бошкоски.

СЈО повторно бара мерки со забрана за извршување на работните обврски на Алфите, осомничени во случајот „Тортура”.

Анчевски и неговите колеги алфи, според СЈО имале наредба од тогашниот  шеф на УБК, Сашо Мијалков да извршат тортура при апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, за случајот кампања Бошкоски.Тој и  неговото семејство биле навредувани и понижувани, а притоа било нарачано и одредени медиуми да го снимат понижувачкиот чин.

Поврзани новости