528
Владата денеска позајми 12 милиони евра од домашните кредитори, а по основ на доспеани долгови врати 3,6 милиони евра. Со тоа продолжи трендот Владата да прави ново, поголемо задолжување пред секое раздолжување.
Наголем дел од парите од денешното задолжување или 8 милиони евра, се од продожба на државни хартии од вредност со рок на доспевање од 10 и 15 години.
Заклучно со јуни, внатрешниот долг на Македонија изнесува скоро 1,3 милијарди евра и само за пет години е зголемен за скоро 750 милиони евра. Вкупниот јавен долг на државата заклучно со првата полововина од годинава достигна 3,9 милијарди евра или 43,7 проценти од БДП. Во 2008 година вкупниот јавен долг изнесуваше 23 проценти од БДП.