633
Владата денеска донесе Уредбата со законска сила за задолжување на државата кај Европската Унија преку инструментот Макрофинансиска поддршка за справување со последиците предизвикани од КОВИД-19 пандемијата за време на вонредна состојба.
„Со инструментот Mакрофинансиска поддршка за справување со последиците предизвикани од КОВИД-19 пандемијата на Европската Унија, на Северна Македонија и се одобрени 160 милиони евра за враќањето на одржлива надворешна финансиска состојба и за поттикнување на економските прилагодувања, структурните реформи и преземање соодветни мерки како одговор на економската криза предизвикана од КОВИД-19“, соопштија од владата.