Нова владина уредба: Само патници со маски ќе може да влезат во полупразен автобус

by Фокус

Владата на денешната седница донесе Уредба со која се опфатени сите радиодифузери во земјата за надомест на трошоци за 2020 година кон операторот на дигиталниот терестријален мултиплекс за дозволата за емитување согласно Законот за електронски комуникации, како ублажување на економските последици предизвикани од коронавирусот.

„Владата денеска донесе и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредната состојба, согласно која кабелските операторите се должни до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да достават пријави за регистрација на странските радиодифузери кои ги реемитуваат во рок од 60 дена од денот на нивното донесување“, информираат од Илинденска.

На денешната седница се донесени измени на Уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба, согласно кои за патниците и персоналот во возилата се предвидува задолжително носење маски и дезинфицирање на возилата, како и максимална искористеност до 50 проценти од капацитетот за патници во возилата.

Поврзани новости