Владата се задолжи за нови 48 милиони евра

by Фокус 19:24
19:24

И покрај најавите на Владата дека годинава ќе го намалува внтрешниот долг кој изнесува една милијарда евра, таа денеска се задолжи кај домашните кредитори за 48 милиони евра. Тоа го направи со продавање на обврзници со рок на доспевање од три, десет и петнаесет години, како и едногодишни и полугодишни записи.

По денешното задолжување. за утре е најавено раздолжување од  18,5 милиони евра, со што на Владата за трошење ќе и останат нови 28 милиони евра. Само минатиот месец, државата се задолжи двојно повеќе отколку што планираше.

- Advertisements -

 

Поврзани новости