Средношколски пленум: Т’га за средба

by Фокус 18:28
18:28

Средношколскиот пленум продолжува на креативен начин да го изразува незадоволството од игнорантскиот однос од Министерството за образование и наука. Откако направија ремикс на песната „Неправда“, тие  денеска го прераборија и текстот на песната „Т’га за југ“ од Константин Миладинов. Насловот на адаптираниот текст е „Т’га за средба“.

Т’га за средба

- Advertisements -

Орелски крилја как да си метнех,
На марш и протест да прелетнех!
До МОН секој ден ќе идам, 
Да видам Адеми, средба да видам!
Да видам дали математика и тамо,
Знаат како и тие од ПМА вамо.

На бојкот је мрачно и мрак м’ обвива,
одговор од Адеми не се добива,
Важно Унијата веќе средба имаше, 
А јавноста за целосните барања појма немаше.

Не, јас не можам овде да седам!
Не, јас не можам партизација на медиуми да гледам!
Не можам матура 7 пати да полагам, 
Во МОН ако треба со сила ќе валагам!
Затоа сфатете ги барањата наши,
Утре ќе полагаат и децата ваши.
Не е ова секојдневна политика,
Туку на лоши реформи објективна критика.

 

Поврзани новости