Владата се извини за „киксот“ со Курц: Голема е сличноста помеѓу знамињата на Австрија и Латвија

by fokus

Окткао денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц беше пречекан со погрешно знаме, пристигна и реакција од Владата која се извини за пропустот.

Владата на Република Македонија упатува извинување до Република Австрија за ненамерниот протоколарен пропуст при посетата на Сојузниот Канцелар Себастијан Курц во Република Македонија.

Пропустот е направен од страна на службите за протокол на Владата на Република Македонија и на Министерството за надворешни работи, а до него дошло поради големата сличност во димензиите и колоритот на знамињата на Австрија и Латвија.

ФОТО – САКАМДАКАЖАМ.МК

Поврзани новости