Џафери вети дека кампањата за референдумот ќе се води транспарентно

by fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната прес-конференција информираше дека кампањата за референдумот ќе се води транспарентно, а и самиот ги нагласи придобивките од членство во НАТО.

„Собранието и пратениците имаат чест и одговорност да бидат овластен носите на кампањата. Имајќи ја предвикд честа и задоволство, ќе ја информираме јавноста и кампањата ќе ја водиме транспарентно. Наша цел е детално да ги информираме граѓаните за големата слика. Членството во НАТО ќе значи зајакнување на Македонија на економски и безбедносен план“, посочи Џафери.

Поврзани новости