Владата преку буџетот плаќа најскапа топлинска енергија, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Откако целата измината година експертите предупредуваа за енергетска и топлинска криза, додека извесен период од БЕГ убедуваа дека греат со оптимален режим и дека континуирано испорачуваат топлина до потрошувачите, одеднаш Владата прогласи кризна состојба со снабдувањето на топлинска енергија.

Граѓаните беа ставени пред свршен чин, еден ден пред исклучување, обвинува Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

– Денес, Владата повторно со парите на граѓаните, преку буџетски средства плаќа најскапа топлинска енергија. Неспособноста на СДСМ го доведува секое домаќинство во поголеми трошоци преку сметките за парно и струја. Неспособноста на СДСМ го отежнува секојдневието по сите основи.

Катастрофалното менаџирање со кризите од страна на енергетскиот и економскиот тим на СДСМ преку Бектеши и Битиќи се гледа и низ ставот од АД Те-То Скопје, од каде што алармираа дека предложената цена од страна на владата ќе значи нивно работење со загуба и дека ова е само делумно решавање на проблемот. Дополнително, се закануваа дека ќе се одземе лиценцата на БЕГ што е уште една лага во низата лаги кажани од СДСМ, рече Митева.

Поврзани новости