Владата предлага „демнење“ и „полово вознемирување“ да бидат кривични дела

by Фокус
Министерот за правда Бојан Маричиќ вели дека по интервенцијата на институциите и затворењето на групата „Јавна соба“, сега случајот е во рацете на обвинителството и судовите кои треба да постапуваат. Тој на ТВ 24 најави дека ќе се менуваат закони за да има поголема безбедност за жртвите.
– Сега е на потег обвинителството, да го расчисти овој случај по судски пат, има доволно материјали кои се предадени во обвинителството. Ние како институции кои ги предлагаме регулативите, oна што може сега да го направиме и го правиме е веќе внесување на предлог измени во Кривичниот законик. Сите овие прашања се покриени и во Истанбулската конвенција и врз основа на нејзина имплементација внесуваме нови кривични дела како што се „демнење“ и „полово вознемирување“ – истакна Маричиќ.

Поврзани новости