Владата поништи пет наредби за распоредувања и прераспоредувања во МВР, само со потпис на министерот

by Fokus

Владата, по укажување на дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи, дека со едностран потпис, само од страна на министерот за внатрешни работи, се донесени пет наредби за кадровски прераспоредувања и распоредувања во подрачни сектори на МВР и во Бирото за јавна безбедност, ваквите акти, како второстепен орган, ги прогласи за ништовни.

„Согласно Законот за Влада на Република Северна Македонија, заради организирање на избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи, заедно и рамноправно со министерот ги разгледува и потпишува сите акти и документ – во спротивно не произведува правно дејство“ се наведува во владиното соопштение.

Поврзани новости