Владата почна да наоѓа работа за рамковно вработените административци

by Фокус

Откако пред десетина дена беше објавен план за распределување на работни места на 958 од вкупно 1.600 лица вработени според Рамковниот договор, почна потпишувањето на согласностите со кои дел од рамковно вработените се распределуваат на работа.

-Процесот за потпишување изјави за согласност е во тек. Во моментот не можеме да кажеме конкретна бројка за тоа колку одбиле или не, но веруваме и очекуваме дека сите тие административни службеници ќе потпишат изјава за согласност и ќе бидат распределени на конкретни работни места и да работат во тие државни институции“, вели во изјава за 24 вести владиниот портпарол Мухамед Хоџа.

Претходно, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски изјави дека на вработените им се дава само една шанса да одбијат некое работно место, бидејќи второто одбивање ќе значи отказ, односно раскинување на договорот.

Поврзани новости