Решение за спорот со името е од сериозен безбедносен интерес за Балканот, но тоа е и централно безбедносно прашање, изјави британскиот амбасадор во Република Македонија Чарлс Гарет во интервју за телевизија Телма. Тој очекува Македонија и Грција да направат компрпомис.
– Јас сум претпазлив оптимист. Гледам дека преговорите продолжуваат. Има позитивни коментари јасно е дека има посветеност во обидите на двете страни, на Атина и на Скопје, и на Грција и на Македонија е да го решат ова прашање засекогаш. Знам дека има тежок момент. Потребна е политичка храброст за да се постигне потребниот договор – рече британскиот амбасадор.
Во однос на прашањето дали може да се очекува посредништво на западните сојузници во насока на решавање на спорот, Гарет истакна дека таа поддршка постоела отсекогаш.