АМСМ бара внимателно возење поради влажни коловози, дупки и можни одрони

by Фокус

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози на многу места. Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија, на патниот правец Макази – граничен премин Маркова Нога сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри поради свлечиште кај местото Долги Рид. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

„На патниот правец Стругa – премин Ќафасан, од бензинска пумпа КМР до местотот Добра Вода-село Франгово (во должина од 3 км) се препорачува исклучително внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 километри на час“, велат од АМСМ.

Поврзани новости