Владата одби да му го даде на порталот Нова договорот за рудникот за злато во Иловица

by fokus

Министерството за економија одби да и го достави на НОВАТВ договорот за концесија и експлоатација на бакар и злато со Еуромакс Ресоурсес Лимитед, канадската компанија која што доби договор со претходната влада да вади злато во местото Иловица, струмичко. Во неговото нејасно образложение министерот Крешник Бектеши вели дека „предметот е во постапка на усогласување при што доставувањето на содржината би предизвикало погрешно разбирање на содржината“. Дополнително, во одговорот на барањето испратено согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, министерот се повикува на член 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен каратктер, а тоа дополнителни ни отежнува да разбереме зошто министерот се повикува на очигледно случајно одбррани членови од Законот за да го оправда криењето на оваа информација. Еве што вели член 5 од Законот:

Член 5:
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер еднаш годишно (во средствата за јавно информирање, билтен, интернет страница) објавува листа на иматели на информации од јавен карактер и на одговорното лице на имателот на информации.

Иловица, како и планот за ископ на руда од страна на Сардич МЦ, предизвикаа многу контроверзи уште кога минатата влада ги склучи договорите. Граѓанските еколошки иницијативи се спротиставија на најавите да се копа руда и да се користат тешки отрови како цијанид и солна киселина при обработката на рудните продукти и тоа во регионот којшто практично ја храни Македонија

Поврзани новости