Македонија и Грција денеска градеа доверба, ќе продолжат и во четврток

by fokus

Шестиот состанок за мерките за градење на доверба меѓу Република Македонија и Република Грција се одржа денеска во Атина, во склад со договорот постигнат меѓу министрите за надворешни работи на двете земји во Скопје, на 24 јуни 2015 година.

-Состанокот претставува продолжение на пријателскиот и конструктивен дијалог на заемно договорените теми, како што се проекти за меѓусебно поврзување во областите на транспортот и енергијата, потоа полициска соработка, европски програми, култура, образование, цивилна заштита, јавна администрација, здравствена заштита, соработка меѓу дипломатските академии и иницијативи за деловна соработка. Експерти од релевантните национални институции придонесоа кон плодотворната и продуктивна дискусија – пишува во соопштението од Министерството за надворешни работи.

Се одлучило следниот состанок да се одржи во Скопје.

За напредокот во процесот на спроведување на мерките за градење на доверба натаму ќе се разговара на состанокот кој ќе се одржи овој четврток во Скопје.

Поврзани новости