Владата не открива повеќе детали по вчерашната изјава на премиерот, Зоран Заев, дека се подготвени за име со географска одредница. Како што изјави владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, остануваат дискретни по прашањето за да не му наштетат на преговарачкиот процес.
-Знаете дека детали околу преговорите во оваа фаза не откриваме. Преговорите се процес од серизнно значење, се работи за проблем кој е многу долг и кој води кон решение, кое ќе биде резултат на взаемен компромис, достоинствено решение кое ќе го заштити дигнитетот на граѓаните од двете земји. Како Влада нема да си дозволиме да навлегуваме во шпекулации по однос на тоа што е објавувано во медиумите и не би имал што да додадам надвор од изјавата на премиерот – изјави Бошњаковски на денешната прес конференција алудирајќи на пишувањата во грчки „То вима“ дека во документот на медијаторот, Метју Нимиц, се наоѓаат предлози како Горна и Северна Македонија.