Мицкоски во Вашингтон: Да се бара одговорност од политичарите кои ги злоупотребуваат институциите

by Fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Вашингтон оствари работна средба со Метхју Палмер, Заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, кој е дојден на местото на Хојт Ји во Стејт Департментот.

На средбата тој нагласил дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија насочена кон интеграција во ЕУ и НАТО и реформите како клучни процеси кои треба да ја подобрат севкупната економска, политичка и социјална состојба во нашата земја како и во нашиот регион.

Мицкоски објаснил и за актуeлната политичка состојба во Република Македонија, пришто нагласил дека во овој момент граѓаните на Македонија се соочуваат со правна несигурност и злоупотреба на правосудниот и административниот систем со цел остварување на тесни интереси на актеулната владејачка коалиција.

Тој на средбата уште додал дека е потребна одговорност за таквото однесување, на сите поединци кои постапуваат спротивно на законите и ги злоупотребуваат институциите.

Поврзани новости