Владата не кажува колку пари ќе потроши за кампањата за референдумот

by fokus

Владата донесе одлука да води информативна кампања, но не кажува колку пари ќе се потроши за истата. Планот и програмата на кампањата ќе ги утврдуваат наредната недела, а со поинтензивни медиумски активности ќе почнат од први септември. Во наредните три дена очекуваат министерствата да определат средства од своите буџети и да ги пренаменат за потребите на референдумот.

-Сега очекуваме, според заклучокот на Влада, сега министерства и други органи на државната управа во рок од три дена да се поднесат информации за тоа колку има средства на располагање. Истовремено ќе се планира како со тие средства ќе се одвива целата кампања  и истовремено јавно ќе информирани. Сите средства ќе бидат објавени, вели Мухамед Хоџа.

Поврзани новости