Владата најавува финансиска помош за медиумите

by Фокус

Владата планира да донесе уредба со која државата ќе дава пари на медиумите, најави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

-Размислуваме за уредба со која ќе добиваат финансиска поддршка заради тоа што се една од најпогодените индустрии од последиците од коронавирусот заради тоа што имаат раскинување на голем број на рекламни договори и тоа е светски факт … Размислуваме за поддршка на сите медиуми, не зборуваме за селективно, за рекламни кампањи. Зборуваме за поддршка на работата на медиумите врз основа на одредени јавни и јасни критериуми – истакна тој за ТВ 24.

Според него, евентуалната ваква поддршка нема да значи влијание врз медиумите.

Поврзани новости