Владата ќе одлучува за затворање на Куманово и бара да не се прави гужва пред банките во Прилеп

by Фокус

Премиерот Оливер Спасовски на денешната онлајн пред-конференција најави дека на владина седница ќе се разговара дали ќе се воведе карантин во Куманово, кој предничи според бројот на заболени лица со Ковид 19 по глава на жител.

-Големината на градот, опкружувањето и проценката на ефектите од евентуалната одлука ќе бидат клучни за носење на одлуката – појасни Спасовски.

Правејќи споредба со Дебар, кој беше ставен во карантин и тоа даде одличен ефект, тој истакна дека во Дебар беше откриен првиот случај кога се уште немаше кризна и вонредна состојба.

Сепак, вицепремиерската Радмила Шекеринска рече се разгледува можноста успешниот модел од Дебар да се примени во неколку други општини, посочувајќи го градот Прилеп.

-Прилеп е еден од градовите со предизвици, особено сега со исплатата на субвенциите. Џабе е викенд карантин ако во понеделник има гужва во банки и продавници. Сакам да информирам дека парите за субвенции се префрлени и апелирам да не се цртаме сите сабајле пред банките и да се прават гужви – рече Шекеринска.

Таа апелираше да се користат банкомати, кредитни картични и дополнително најави дека ќе има изменет режим за работа на банките со цел да се намалат гужвите, при што, според неа, без исклучок ќе се почитува и правилото по азбучен ред.

Поврзани новости