Владата ќе го укине Советот за јавни набавки

by fokus

Владата ќе го укине Советот за јавни набавки преку предлог по скратена постапка. Се очекува Советот да престане да функционира од декември годинава.

Ова е една од реформите во системот за јавни набавки што ги најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на дебатата „Реформа во системот за јавни набавки“. Како што рече Тевдовски неговото работење се покажало како неефикасно и штетно.

Во рамки на реформите е предвидено и носење нов закон за јавни набавки до октомври следната година.

 

Поврзани новости