Заев: Нема македонско сценарио во Црна Гора, ситуацијата е различна

by fokus

На тврдењата од црногорската опозиција дека на оваа земја и треба „македонско сценарио“ кое би довело до промена на власта како што беше случајот со Македонија по политичката криза, премиерот Зоран Заев, за „Дневне новине“ вели дека ситуацијата не е ни малку слична.

Според Заев политичката криза која ја преброде Македонија, а која резултираше со негово доаѓање на власт, се разликува од бојкотот што го прави врз парламентот црногорската опозиција. Според Заев Црна Гора е стабилна држава, лидер на евроаталанските интеграции во регионот и не е возможно да се споредат политичките случувања во двете земји.

-Ние се вративме во парламентот. Нема сличност меѓу двете ситуации. Ние тогаш објавивме што е вистина во Македонија и соопштивме што се направила претходната власт, а што доведе до политичката криза. Случувањата кои допринесоа да падне претходната власт во Македонија и моменталната состојба во Црна Гора се комплетно различни – вели Заев.

Тој не сакаше да ги коментира ставовие на срногорските опозиционери кои тврдат дека со нивното истрајување на бојкотот Црна Гора ќе добие прилика да организира фер и демократски избори.

-Ние сакаме да станеме членка на НАТО и ЕУ. Сметам дека кога некоја земја од нашиот регион ќе стане членка на НАТО, тогаш е вистинска држава. А Црна Гора е токму тоа. Стабилна држава и голем пријател на Македонија – додаде Заев.

Поврзани новости