Селмани: Приведувањето на снимателот на ТВ 21 е срамен полициски чин

by Fokus

Приведувањето на снимателот на Телевизијата 21 и на еден фоторепортер од Косово е срамен чин на македонската полиција, вели Насер Селмани, претседател на Здружението на новинари.

„Инспекторите во камерата и фотоапаратот не нашле снимка или слика од судиите. Но, од разговорот по нивното пуштање, разбравме дека сликањето на судскиот совет било само изговор новинарите да се испрашуваат за снимките со полицајци надвор од судската зграда. Може ли некој од МВР да објасни, според кој закон снимателите и фоторепортерите не смеаат да снимат униформирани полицајци на јавно место?
Освен основот за задржување, спорен е и налогот“- вели Селмани.

Снимателот на оваа скопска телевизија Ибрахим Мамути вчера бил задржан во полициска станица 6,5 часа, поради тоа што полицијата се сомневала дека ја снимил судијката задолжена за случајот Диво насеље.

Поврзани новости