Владата на денешната седница го утврди предлог законот за Оперативно-техничка агенција (ОТА), со одлука да го достави до Собранието на Република Македонија согласно член 137 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.
Од Владата објаснуваат дека Предлогот на закон за ОТА и неговото донесување произлегува од Планот за реализација на препораките на групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите (2015), како една од клучните активности во процесот воспоставување правна рамка чија цел ќе биде имплементација на национален модел во предметната област со кој ќе се овозможи реализација на препораките на гореспоменатата група високи експерти.
Со Законот за Оперативно-техничка агенција се уредува основањето на Оперативно-техничка агенција, надлежностите, раководењето, правата и обврските од работен однос на работниците во агенцијата, и стручниот надзор што Оперативно-техничката агенција го врши над работата на операторите и нејзиното финансирање.