788
Објектот во кој се наоѓа Владата покрај новата барокна фасада од над 9 милиони евра, ќе добие и тераса вредна приближно милион и 200.000 евра. Владата утрово го објави договорот со градежната компанија „Бауер БГ“ која треба да ја изгради терасата, а оваа фирма исто така е ангажирана за изработка на барокната фасада.
Покрај терасата, Владата за истиот објект ќе потроши и дополнителни 500.000 евра за адаптација на внатрешните простории, па така засега целиот проект за реновирање на зградата на „Илинденска бр.2“ чини приближно 11 милиони евра.