За спас од жолтица мијте ги рацете и овошјето

by Фокус

Министерството за здравство заради појавата на заразна жолтица на подрачјето на град Скопје и во Штип, со цел спречување на појава на нови случаи, укажува дека начинот на пренос на ова заболување може да се спречи со редовно одржување на личната и општата хигиена. Вообичаените контакти меѓу луѓето не придонесуваат за ширење на болеста

Препорачани санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки:

– Редовно одржување на личната и општа хигиена

– Од особена важност е темелно миење на рацете задолжително пред секое јадење и по секое одење во тоалет.

– Миењето на раце треба да биде со течен сапун или со сопствен сапун

– Бришење на раце со бришач за еднократна употреба или со сопствена крпа за бришење

– Потребно е темелно миење на овошјето и зеленчукот пред конзумација

– Конзумирање безбедна вода за пиење (од водоводни мрежи), како и избегнување пиење вода од непроверени чешми, локални иззвори, бунари и сл.

– Соодветно третирање и отстранување на отпадот

– Одржување на хигиена во домот и санитарните јазли, како и одржување на хигиената во колективни објекти каде престојуваат ученици, мали деца и постари лица (училишта, детски градинки, домови за згрижување стари лица)

Поврзани новости