432
Владата денеска од домашните кредитори позајми 7,3 милиони евра, иако првично беше планирано задолжувањето да биде 6,6 милиони евра. Задолжувањето е направено преку емитување на државни хартии во вредност со рок на доспевање од 364 денови.
Владата го продолжува трендот да прави ново задолжувања пред секое раздолжување, па така веќе утре по основ на доспеани долгови Македонија на домашните кредитори ќе треба да им врати 5,3 милиони евра. Во сабота пак, државата ќе треба да врати уште 12,5 милиони евра.
Заклучно со јуни, нивото на внатрешниот јавен долг изнесува 1 милијарда 305 милиони евра. Вкупниот јавен долг, заклучно со првата половина од годинава достигна 3,9 милијарди евра или 43,7 проценти од БДП.