Новинарите од МПМ протестираа поради намалувањето на платите

by Фокус

Откако утрово на огласната табла на новинарите од весниците на МПМ: Утрински, Вест и Дневник им беше соопштено дека ќе им бидат намалени платите, тие околу пладне излегоа на мирен протест пред редакциите. Образложението за намалување на платите е економската криза во земјава.

-Ние протестираме бидејќи сметаме дека во земја, која успеа да ја надмине глобалната економска криза и која постојано ни е презентирана како лидер во успешните реформи, не би требало да се случи да добиваме одлуки за намалување на платите на работниците заради економска криза во земјава, рече Тамара Чаусидис, претседателка на ССНМ.

Александра Стојановска од синдикатот на вработените во „Вест“ посочи дека една од причини за намалување на платите на новинарите бо можела да биде и политичка.

-Зошто економскава криза сега не погоди, не знаеме, има различни претпоставки, од тоа дека мотивите се политички или некои други, но без оглед на тоа, новинарите секој ден во 12 часот ќе бидат пред просториите на МПМ за да го изразат своето незадоволство, рече Стојановска.

На вработените што земале плата од 12 000 до 30 000 денари чќе земаат 10 отсто помалку, тие што земаат од 30 000 до 60 000 денари ќе имаат намалување од 20 отсто, а на тие што имаат плата над 60 000 денари ќе им се намали за 30 отсто.

Поврзани новости