Груевски: Доста им беше да земаат плата без да работат

by Фокус

Премиерот Никола Груевски запрашан да го коментира враќањето на опозицијата во Парламентот, рече дека доста им било на опозициските пратеници да земаат плата без да работат.

-Петнаесет месеци земаа плата без да работат. Доста беше. Нема во Македонија човек што тоа може да го добие. Доста беше. Нека почнат да си ја заработуваат платата, рече премиерот Груевски.

Ова тој го изјави на пуштање во употреба на нова зграда на ОУ „Живко Брајковски“ во Општина Бутел.

Поврзани новости