400
На предлог на Министерството за економија, Владата на РМ на денешната седница одобри повеќе програми како програмата за поддршка на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2018 година и Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво.
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги предложи, а владата ги усвои програмите за финансиска поддршка на земјоделството и на руралниот развој за 2018 година, како и повеќе други програми од сферата на земјоделието, шумарството и водостопанството.
На денешната седница владата да ја усвои Програмата за унапредување на животната средина за 2018 година, како и програмата за инвестиции во животната средина за тековната година.