Владата ја ограничува употребата на гумени куршуми кон толпа

by fokus

На предлог на Министерството за внатрешни работи, Владата на денешната седница го утврди Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за полиција, и донесе одлука да го достави до Собранието на Република Македонија.

Со предлогот за изменувањата и дополнувањата на Законот за полиција, меѓу другото, се предвидени измени кои ја ограничуваат употребата на средствата за присилба кои можат да се употребат спрема група, како што се физичка сила; полициска палка; електричен парализатор; хемиски средства; гумен пиштол; службени кучиња; специјални возила за јавен ред и мир и пиротехничко-експлозивни средства.

-Предлог-измените тргнуваат од недореченостите кои се однесуваат на дискреционото право на полициските службеници при примената на овие средства за присилба и од недостигот на одредби со кои се уредува рангот на полициски службеник кој ја одобрува употребата на наведените средства за присилба, велат од Владата.

Во анализите се укажува и на потребата од додефинирање на начинот, условите и ситуациите на употреба на електричниот парализатор и гумените куршуми.

Поврзани новости