Почна постапката за замена на мерцедесот за болничка опрема

by fokus 21:59
21:59

Почната е постапката за оттуѓување на владиниот мерцедес од 600.000 евра и негова замена за болничка опрема, соопшти вечерва на Твитер портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

-Возилото од денеска премина од сопственост на МВР во сопственост на Службата за општи и заеднички работи. Потоа ќе следува постапка за негово отуѓување, односно замена за болничка опрема, соопшти портпаролот.

- Advertisements -

Поврзани новости