1.3K
Сања Зографска – Крстевска е нов македонски генерален конзул во Мелбурн, а Дејан Ѓучиќ е генерален конзул во Солун.
Ваква одлука донела владата на 166-тата седница оддржана на средината на минатиот месец, а кон крајот на месецот одлуката потпишана од премиерот Зоран Заев е објавена и во Службен весник.
Инаку, Зографска-Крстевска е искусен дипломат со долгогодишно искуство, додека Ѓучиќ е вработен во Министерството за надворешни работи од 2006 година и негова специјалност се економската дипломатија и билатералните економски односи со Грција.
За да заминат на новите дипломатски позиции, тие чекаат уште да добијат виза за престој.