Владата и Министерството за транспорт и врски нема да се мешаат во превирањата во М- НАВ по последните депонирани оставки на инженерите на раководните инструкторски места и на еден од тројцата директори Љубе Стаменковски кој исто така си поднесе оставка.
Од Министерството за транспорт и врски и денеска во разговор за ТВ 24 се прогласија за ненадлежни кратко само дообјаснувајќи се: Нема да заземеме став. Тоа е постапка во М-НАВ која тие треба да си ја решат со управните и надзорните одбори.
Од синдикатот на техника во М-Нав пак за ТВ 24 велат дека од вторник натаму ќе излезат со информации или евентуална пресконференција за идните чекори но додаваат дека за една таква одговорна работа нема место за ескперименти.
Од вторник натаму ќе има поофицијални информации за идните чекори кои ќе ги превземеме а не се исклучува можноста да биде свикана и прес- конференција . Сепак сметаме дека мора да има некаква селекција за оние кои конкурираат за работни места бидејќи тоа е во склад и со обврските кои ги имаме према Евро – контрол .
Последните оставки на директорот Стаменковски и на инженерите на раководните инструкторки места уследиле откако пропаднала селекцијата на кандидати на огласот на М-НАВ за инженери во Контролата на летање.
Директорот пак на М-Нав Фахрудин Хамиди пак во дописот до јавноста посочи дека воопшто не било потребно интервју бидејќи кандидатите се вработени според закон .
Огласот за инженери и техничари е согласно Законот за работни односи и условите предвидени со систематизацијата. Според систематизацијата за приправник интервју се спроведува само ако за едно место има два или повеќе кандидати. Во случајот со последниот оглас имало само по еден кандидат за седумте работни места.
Под вакви услови се примени инженери во М-НАВ и пред четири години, но тогаш немало негодување, велат од компанијата.