Ахмети: Европа останува дестинација кон која решително го продолжуваме нашиот од во 2024 година

by fokus

Во последните моменти од годината што ја оставаме зад нас, заедно ги одбележуваме успесите, предизвиците и тешкотиите со кои се соочивме и успешно да ја започнеме новата година, со нови прогресивни амбиции, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во новогодишната честитка.

-Годинава ќе ја паметиме со почетокот на реализацијата на најголемиот инфраструктурен проект од осамостојувањето на државата, Коридорот 8, претседавањето со ОБСЕ, економското закрепнување со намалување на невработеноста, повисоки пензии, повисока минимална и просечна платa, со изградба на нови училишта, градинки, болници, универзитети, студентски домови, патишта, итн.

Европа останува дестинација кон која решително го продолжуваме нашиот од во 2024 година, обединети во еден фронт и подготвени да ги придвижиме процесите напред.

Во 2024 година ви посакувам да имате пред се здравје, мир, среќа и благосостојба во вашите семејни домови!

Среќна 2024 година!,порача претседателот на ДУИ , Али Ахмети.

Поврзани новости