Владата го повлече Предлог законот за обвинителство и достави нов, седницата почнува во 22 часот

by fokus

Само што започна 134 седницата на Собранието на чиј дневен ред беше Предлог законот за јавно обвинтиелство, спикерот Талат Џафери ја затвори бидејќи Владата го повлекла предлогот. Сепак, Владата веднаш доставила нов Предлог-закон за обвинителство и тој ќе биде на дневен ред на наредната седница, која ќе започне вечерва во 22 часот.

-Ве известувам дека владата го повлече предлогот за Законот за ЈО. Владата го повлече предлог законот за Советот на јавните обвинители. Бидејќи владата ги повлече овие предлози, констатирам дека 134 седница е завршена. Продолжуваме со 135 седница во 22 часот, соопшти Џафери.

Поврзани новости