СДСМ: Политичката согласност не е загрозена, се работеше на технички усогласувања на законот

by fokus

Политичката согласност околу содржината на Законот за јавно обвинителство воопшто не е загрозена. Денеска се работеше на технички усогласувања околу времето на стапување на сила и времето на почеток на примена на законот, а имајќи ги предвид неопходните подготовки што институциите мора да ги спроведат за да истиот може да почне да се применува, информираат од Социјалдемократскиот сојуз.

Оттаму истакнуваат дека законот со својата конечна верзија е веќе во собраниска процедура и оти очекуваат да започне собраниската седница.

Џафери ја закажа седницата за во 22 часот.

Поврзани новости